Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОсвојување на Кораб за 25 години независност на Република Македонија

Освојување на Кораб за 25 години независност на Република Македонија

Планинарскиот клуб „Кораб“ традиционално по 25 пат ќе организира групно искачување на најголемиот планински врв „Голем Кораб“ на висина од 2764 метри во чест на прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Планинарите веќе ја започнаа рутата на искачување од караулата Победа, а по освојување на врвот сите учесници кон стартната позиција ќе се вратат во 15 часот. На учесниците ќе им бидат доделени признанија и благодарници, ќе има пункт за прва помош, а водачите од клубот ќе бидат долж патеката за евентуална помош и асистенција.