Sunday, Apr 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласГлобалното затоплување разоткри тела на исчезнати лица на Алпите

Глобалното затоплување разоткри тела на исчезнати лица на Алпите

Топењето на мразот и снегот на швајцарските Алпи, предизвикано од феноменот на глобалното затоплување, почна да ги открива посмртните останки од лица кои никогаш не се вратија од своите планинарења и чии тела досега не беа пронајдени.

Најновиот таков случај е пронајденото тело на 36-годишен германски скијач, кој исчезнал на 30 август 1963 година. Планинари сосем случајно го пронашле на глечерот Мортерач во кантонот Граубуенден. Идентитетот на лицето е потврден преку ДНК-анализа, соопшти локалната полиција.

Ваквите случаи во Швајцарија се се почести. Мортерач, кој со топењето станува се понизок, редовно открива остатоци од телата на жртвите.

Лани во летниот период пак, на падините на врвот Матерхорн, климатските промени и топењето на мразот ги открија телата на двајца јапонски алпинисти исчезнати во 1970 година. Една година претходно во таа област беше пронајдено тело на чешки планинар, кој се обидел да се искачи на Матерхорн во 1974 година.

На планината Бернина, каде врвовите надминуваат 4.000 метри надморска висина, сè уште се трага по планинари исчезнати изминативе неколку децении.

На планинарите кои ќе октријат остатоци од телата, полицијата им препорачува да ги означат координатите, но ништо да не допираат пред пристигнувањето на експертите.

МИА