Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено тело на Бистра, најверојатно од вториот исчезнат планинар

Пронајдено тело на Бистра, најверојатно од вториот исчезнат планинар

Специјалците на МВР пронајдоа второ тело на падините на Бистра, во атарто на селото Гари или поточно на околу половина килиметар каде пред два дена беше пронајдено првото тело за кои се сомнева дека се двајцата планирани, татко и син кои исчезнаа без никаква трага пред една недела. Врз телата треба да се изврши обдукција за да се утврдат точните причини за настанувањето на смртта.

Таткото и синот биле во контакт преку мобилен телефон со свои роднини и им соопштиле дека го изгубиле патот по што била повикана полиција да ги пронајде. Последен пат се чуле во 22 часот по што им се испразнила батеријата и повеќе им се губи секаква трага. Идентитетот на телата треба допрва да се утврди.