Sunday, May 28, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОсобините и визиите на Стив Џобс за успех во животот и бизнисот

Особините и визиите на Стив Џобс за успех во животот и бизнисот

Стив Џобс е еден од најголемите визионери во современиот свет. Ја основа компанијата Apple, која стана најсилна под негово водство. Кои од особините на Џобс му помогнаа да создаде најголем бренд од компанијата со која што започна со работа од гаража и дали истите може да ги примените во секојдневието?

steve jobs

Фокусирање – кога во 1997 година Џобс повторно се врати во Apple за да го спаси, нареди да престанат со досегашниот начин на работа и да се фокусираат на два различни уреда во две верзии – еден за просечен корисник и еден за професионалец, со десктоп верзија и лаптоп верзија.

„Одлучувањето што не треба да се прави е подеднакво важно како и да се одлучи што ќе се прави. Тоа е вистината за компанијата, а вистина е и за производите“, рекол Стив Џобс.

Едноставност – Џобс бил способен секој уред да го поедностави и да го сведе на суштината за да ги елиминира сите непотребни компоненти. Џобс знаел дека најдобар начин за постигнување на едноставност е дека хардверот, софтверот и периферните уреди функционираат како еден.

steve_jobs

„Едноставноста е ултимативна софистицираност“, гласеше првата маркетиншка брошура на Apple.

Преземете одговорност од почеток до крај – Џобс и Apple ја преземале одговорноста од почеток до крај кога станува збор за корисничкото искуство, што е нешто што мал број на компании го прават. За ова е заслужна личноста на Џобс. Тој сакал секогаш да има контрола над се што прави, но за тоа исто така е заслужна и неговата страст за перфекционизам.

Кога заостанувате, прескокнете ги пречките – симболот на иновативната компанија е да смислува нови идеи, но и да застане повторно на нозе кога заостанува.

Производите пред профитот – кога Џобс и неговиот мал тим го дизајнирале оригиналнио Macintosh во текот на 80-те години, неговата идеја била да направат одличен уред. Стив никогаш не зборувал за профит или компромис кога станува збор за трошоци.

Не му робувајте на истражувањето на пазарот – еден од членовите на тимот прашал дали прво да се спроведе истражување на пазарот, на што Џобс веднаш одговорил не. Тој и верувал на својата интуиција за тоа што сакаат неговите клиенти.

„Не, затоа што клиентите не знаат што сакаат се додека ние не им го кажеме тоа. Нашата задача е да го читаме она што се уште не е напишано“, рекол Џобс.

Пакувањето е важно – Џобс научил три принципи од својот ментор: емпатија, фокус и подметнување. Последниот принцип станал еден од најважните особини на Џобс. Знаел дека клиентите го создаваат мислењето за компанијата врз основа на презентирањето и пакувањето.

Стремете се кон совршенство – за време на развој на секој производ, Џобс знаел да каже на сите да земат пауза, а потоа тој цртал на таблата затоа што чувствувал дека уредот не е совршен.

Најдобра средба е лице во лице – Џобс сметал дека креативноста и најдобрите идеи доаѓаат на спонтаните состаноци и разговори во живо, лице во лице. Затоа не сакал состаноци преку мејл или други слични интернет сервиси.

Статијата е првично објавена на telefoni.mk