Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмо продолжение на конститутивната седница на Собранието

Осмо продолжение на конститутивната седница на Собранието

Пратениците денеска со почеток во 11 часот по осми пат ќе расправаат на конститутивната седница на Собранието, на која на дневен ред е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието.

Изминатите седум продолженија на седницата поминаа во меѓусебни расправии и надмудрувања помеѓу пратениците за платформата на албанските партии, патриотизмот и за зачувување на унитарноста на државата, а многу малку се дискутираше за предложените членови на Комисијата за избори и за именувања.

За членови во Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ – Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ – Џеват Адеми, а од Беса – Зеќирија Ибрахими.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.