Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Дебатираме дали да излеземе од владата, сакаме итно деблокирање на состојбата

Османи: Дебатираме дали да излеземе од владата, сакаме итно деблокирање на состојбата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред седиштето на ДУИ во Мала Речица даде изјава пред новинарите за, како што рече, да не се шират шпекулации. ДУИ не сака нови избори, ДУИ сака што побрзо деблокирање на состојбата – рече Османи. Тој кажа дека денешното Централно претседателство има две точки на дневен ред.

Првата точка е разгледување на можноста за напуштање на техничката влада. Османи рече дека дел од членовите на претседателството сметаат дека повлекувањето на министрите би можело да придонесе кон решавање на кризата и деблокирање на состојбата, додека дел од членовите на ДУИ сметаат дека тоа ќе ја продлабочи кризата. Секако останува моментот дека паѓањето на владата би значело останување на министрите до формирање нова влада.

Втора точка за која се разговара во Мала Речица се локалните избори. Османи нагласи дека следната недела истекува мандатот на градоначалниците и настанува правен вакуум. ДУИ разгледува што понатаму во функционирањето на локалната власт, кога и кој би ги спровел изборите. Исто така се разговара и за кандидатите кои би се тркале за градоначалнички места.