Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОсман Дембеле ја избра Борусија Дортмунд

Осман Дембеле ја избра Борусија Дортмунд

Младиот Французин Осман Дембеле е нов член на Борусија Дортмунд, објави сајтот во официјално соопштение. Дембеле во Борусија пристигнува од Рен, а со германскиот клуб стави потпис на петгодишен договор. Овој 18-годишен фудбалер беше еден од најбараните европски фудбалери, а за него покажаа интерес бројни европски клубови, како Барселона, Баерн, Ливерпул и Лестер.

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд Мајкл Корк не го криеше задоволството од трансферот на Дембеле и истакна дека се работи за многу брз и опасен играч. Дембеле оваа сезона во дресот на Рен постигна 12 погодоци, а Французинот Микаел Силвестре, го спореди младиот фудбалер со Кристијано Роналдо.