Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОрка Холдинг бара Марин да се извини за изнесените наводи или ќе го тужат

Орка Холдинг бара Марин да се извини за изнесените наводи или ќе го тужат

Во врска со наводите изнесени на вчерашната (10.04) прес конференција од страна на Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, поврзани со сопственост на земјиште во н. Аердром, компанијата Орка Холдинг АД Скопје ја проследува следната информација до јавноста:

– Орка Холдинг преку една од своите ќерки фирми поседува удел од 20 отсто во фирмата Масив Констракшн. Ниту Орка Холдинг, ниту која било од нејзините ќерки компании никогаш не подигнале кредит на тоа земјиште и никогаш не го заложиле под хипотека.

Оттаму, го замолуваме господинот Марин веднаш да ја демантира својата изјава и да се извини, во спротивно ќе бидеме приморани да отпочнеме судска постапка за изнесените невистини, лаги и нарушување  на угледот на компанијата, се вели во соопштението на компанијата.