Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Аеродром ќе потроши над 5 милиони денари за доосветлување на крстот

Општина Аеродром ќе потроши над 5 милиони денари за доосветлување на крстот

Крстот кај висококатниците во Аеродорм ќе се доосветлува. Општина Аеродром преку оглас бара фирма која ќе го изведе осветлувањето за сума од 5.080.000 денари. Понудите се доставуваат најдоцна до 31 август.

-Станува збор за проект со кој е планирано да се смени осветлувањето на крстот во Општина Аеродром со лед-диоди, кои се штедливи, со цел да се намалат повеќекратно трошоците за електрична енергија, стои во соопштението од Општината.

Крстот е висок 51 метар, а е поставен на постамент висок 5,5 метри.