Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСкандал на Рио 2016 – Олимпискиот јагуар застрелан по церемонијата

Скандал на Рио 2016 – Олимпискиот јагуар застрелан по церемонијата

Јагуарот Џума кој беше дел од олимписката церемонија на палење на факелот во Манаус е застрелан од страна на војник со еден истрел бидејќи дивата мачка не успеале да ја успијат.

Активистите за заштита на животните се гневни на организаторот кој неовластено го искористил јагуарот од видот Амазон кој практично е пред изумирање. Организаторите на олимписките игри во Рио се извинија за инцидентот и велат дека повеќе вакви негативни моменти нема да се случат.