Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОлимпија Христова Заевска: Нема имплементација без борбените редови внатре

Олимпија Христова Заевска: Нема имплементација без борбените редови внатре

Олимпија Христова Заевска, поранешниот советник на премиерот Заев и на министерката за финансии Ангеловска, порача дека сега министрите треба да се посветат на екипирање на институциите и работа според точно утврдени стратегии и критериуми.

“Следно на што верувам ќе се посветат министрите е екипирање на нивните вработени како моторна сила на процесите кои не’ чекаат како држава.

Нема имплементација без борбените редови внатре. На тие луѓе им треба систем на работа и предвидливост!

Секоја политика ќе бара: систем, тим, аналитика и мерење импакт.

Многу квалитетни кадри има по нашите институции. Време е да проработи мерит системот и да им се даде елан за работа! Време е за сериозна и брза реформа во јавната администрација. Има доволно знаење и функционална анализа. Сега е време за пресекување. Ако сакаме ефективни реформи.

Се надевам дека новиот министер на МИОА е свесен за сериозноста на задачата за која исто така свесно се има нафатено. Зошто за разлика од други земји, ние имаме цел ресор што треба да ја модернизира јавната администрација”, напиша Олимпија Христова Заевска.