Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОланд се закани дека ќе ги забрани демострациите

Оланд се закани дека ќе ги забрани демострациите

Франсоа Оланд, претседателот на Франција денес уптати сериозни закани дека може да ги забрани демонстрациите во земјата, откако при протестите за спорниот закон за работни односи во вторникот беа повредени 40 лица, а 44 беа приведени.

„Во периодот кога Франција е домаќин на Европското првенство во фудбал, кога се соочува со тероризам, демонстрациите повеќе не можат да бидат дозволени ако не може да им се гарантира безбедноста на луѓето, како и приватниот и јавниот имот“, изјави портпаролот на Оланд, Стефан Ле Фол.