Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОколу 20 отсто од граѓаните сметаат дека ЕУ најмногу и помага на Македонија

Околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека ЕУ најмногу и помага на Македонија

Вкупно 38,8% од етничките Македонци и другите етнички групи веруваат дека не постои странска земја што им помага во промовирањето на националните интереси на Македонија, но само 11,6% од етничките Албанци го делат тоа мислење, според анкетата на Националниот демократски институт (НДИ), направена со финансиска поддршка од американската Агенција за меѓународен развој, пишува МКД.

Околу една петтина од анкетираните граѓани сметаат дека Европската Унија најмногу им помага на македонските национални интереси, додека 9,6% сметаат дека тоа се Соединетите Американски Држави, а 8% мислат дека Русија најмногу им помага на македонските национални интереси.

Сепак, во врска со ова прашање постои значајна разлика меѓу етничките Македонци и етничките Албанци:

41% од етничките Албанци сметаат дека ЕУ им помага на националните интереси на Република Македонија, а само 15,4% од етничките Македонци и другите етнички заедници се согласуваат со тоа.

18,2% од етничките Албанци сметаат дека САД најмногу им помагаат на националните интереси на земјата, но само 6,9% од етничките Македонци се согласуваат.

Меѓу етничките Албанци, 7,6% сметаат дека и САД и ЕУ најмногу помагаат за интересите на Македонија.

Еден од десет (10,5%) од етничките Македонци сметаат дека Русија најмногу им помага на македонските национални интереси. Како што е наведено погоре, овој број паѓа на 8% кога ќе се додадат етничките Албанци во примерокот, бидејќи ниеден етнички Албанец не смета дека Русија им помага на македонските национални интереси.