Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈО бара притвор за 36 обвинети за тероризам

ОЈО бара притвор за 36 обвинети за тероризам

Јавното обвинителство на Република Македонија побарало притвор за сите 36 обвинети за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбеднсота од член 313 од Кривичниот законик, објави А1он.

Дел од осомничените се заштитени од изрекување на притвор со нивнот пратенички имунитет.

Судот треба да го извести претседателот на Собранието за притворањето на пратениците по што Собранието треба да одлучува за одземање на имунитетот.