Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхридското Езеро збогатено со нови 30.000 јагули

Охридското Езеро збогатено со нови 30.000 јагули

Охридското Езеро денеска е порибено со околу 30.000 парчиња подмладок од јагула со големина од 25 до 40 грама од АД ЕЛЕМ во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Порибувањето е извршeно на пет локаци, во Радожда, Калишта, во близина на градското крајбрежје и во охридскиот дел кај одмаралиштето „Андон Дуков“ и во близина на Свети Јован Канео.

– АД ЕЛЕМ продолжува традиционално да го порибува Охридското Езеро со подмладок од јагула. Обврската почнала уште во далечната 1965 година кога е изградена електраната Глобочица и не се направени патишта за јагулата која се враќа од Според него, надминат е проблемот поради кој пет години не се извршило порибување со јагула иако ЕЛЕМ постојано одвојувал средства и објавувал тендери, кои биле неуспешни.

– Лани се надмина овој проблем, склучивме договор со компанијата „Преспа Стар“ која и порано вршела порибување и денеска ќе се релаизира овој договор. Во наредниод период АД ЕЛЕМ ќе реализира дополнително порибување од околу два тони нова риба со што ќе се надополни испуштеното од минатите години и традицијата ќе продолжи и во иднина – нагласи Маркоски.

Според концесионерот за заловување јагули во Струшкиот дел на Охридското Езерот Милорад Шапкоски, последните години рибниот фонд на јагула е намален.

– Ја поздравуваме акцијата на ЕЛЕМ за порибувањето на езерото со млади единки. ЕУ имаше забрана за влез и излез на јагула за земји што не се членки и затоа не се порибувало неколку години. Имаме проблеми со рибокрадците, но тие не се главна причина за намалување на рибниот фонд. Проблем беше што изминатите 10 години имаше забрана, езерото немаше сопственик, но сега со концесијата мислам дека овој проблем ќе биде решен – изјави Шапкоски. Јадранско море преку реката Црн Дрим во Охридско Езеро. Со изградбата на Шпиље подмладокот што доаѓал во електрната се собирал и се фрлал во водите на езерото – рече Директорот на подружницата на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски.