Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОгромна осмица за потсетување, одбројуваме – порача „Шарената револуција“

Огромна осмица за потсетување, одбројуваме – порача „Шарената револуција“

Огромна осмица пред Собрание и рекордно количество боја. Осум дена – уште толку остануваат до дамуот кој Шарената револуција го постави како краен рок за исполнување на преостанатите барања.

„Шарените револуционери“ сметаат дека преку протестите е делумно исполнета нивната цел. Велат дека се задоволни од тоа што им е укинат притворот на Здравко Савески и Владимир Куноски од Левица, меѓутоа, како што велат не отстапуваат од 18-ти јуни како краен рок за барањата. Во спротивно најавуваат радикализирање.

Во првите редови денеска можеше да се забележи и ликот на Пецко, во чест на неговиот автор, карикатуристот Дарко Марковиќ, кој почина синоќа.
pecko protest