Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Михтарјан нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Официјално: Михтарјан нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Она што се шпекулираше неколку недели сега веќе стана реалност. Хенрих Михтарјан и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, а оваа вест ја потврди германскиот клуб на својот официјален сајт.

Mihtarjan 2

Фудбалерот моментално се наоѓа на медицински прегледи во Манчестер, а во текот на денот се очекува и официјално да биде претставен како ново засилување на клубот од „Олд Трафорд“. Ерменецот кој изминатата сезона во дресот на Борусија Дортмунд забележа 19 погодоци и 24 асистенции е третото засилување на Жозе Мурињо, откако Португалецот веќе ги донесе Ерик Бејли од Виљареал и Златан Ибрахимовиќ како слободен фудбалер.