Saturday, May 11, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текОдлична иновација – Инвалидска количка за качување по скали

Одлична иновација – Инвалидска количка за качување по скали

Со Scalevo Wheelchair лицата со инвалидитет може да многу полесно да се движат секаде, особено во местата кои се непристапни за инвалидска количка. Иновацијата започната како студентски проект на Универзитетот во Цирих има огромен потенцијал да го подобри животниот стандард на лицата кои се зависни од другите, барем кога е во прашање неприлагодениот терен за движење.

Scalevo е моторизирана количка, која е роботизирана, а гсениците од страна се главната причина што количката може да се движи на секаква физичка подлога, од кои најважни се скалите.

Системот „Segway“ помага за балансирање на двете главни тркала. Гасениците имаат помош од мали тркалца, кои служат за стабилизација и со нив корисникот може да се подигне ако сака да види нешто од повисоко. Движењето се регулира со команди веднаш до раката на корисникот, а брзината се регулира со притискањето на управувачот.

Добра безбедносна мерка е тоа што количката престанува да вози кога копчето не е притиснато и никогаш не вози сама. Наскоро овој проект треба да биде пуштен и во комерцијална употреба па ќе биде познат начинот на продажба и дистрибуција и дали ќе има интерес да Scalevo количката да влезе во масовно производство.