Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Кревет отпорен на земјотреси

Видео: Кревет отпорен на земјотреси

Иноватор и дизајнер од Русија подолго време работи на кревет отпорен на земјотреси кој ќе може да му го спаси животот на корисникот внесувајќи го автоматски во метална кутија што сензорите почуствуваат потресување. Внатре во креветот има доволно простор за резерви на вода, боци со кислород, храна и медицински препарати за да се издржи додека не интервенираат спасувачките екипи.

Сличен проект се развива во Кина каде се започнати првите тестови, како и во Израле. Креветот за спас од земјотреси и катаклизми ќе се продава по цена од 5000 долари за едно лице, додека пак брачен кревет ќе чини до 8000 долари.