Видео: Самоуправувачкиот автобус на Mercedes одлично се снаоѓа
Mercedes-Benz го претстави својот нов модел на самостоен автобус Future Bus. Новиот футуристички автобус го реализира своето прво возење на улиците во Амстердам. Импресивниот автобус има вградено систем за автономно возење и навигација наречена City Pilot.
Таа е многу слична на системот “Highway Pilot”, кој Mercedes-Benz го наменил за своите автономни камиони. Улогата на возачот во ваквите автобуси ќе биде да интервенира во неопходни случаи. Во Future Bus ќе има многу места за полнење на смартфони и лаптопи, како и да гледате телевизија на големи екрани.