Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОдблокирана сметката на Макпетрол во име на јавниот интерес

Одблокирана сметката на Макпетрол во име на јавниот интерес

Судот ја одблокира сметката на Макпетрол имајќи го во предвид јавниот интерес. Во соопштението на Основен суд Скопје 1 стои дека кривичниот совет во рок од 24 часа донел одлука за одмрзнување и деблокирање на сметките по добивање на аргументи од странките и Јавното обвинителство Скопје.

Судот го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка. Сепак, Судот одлучи институциите да продолжат да го следат платниот промет и сите трансакции што ќе бидат вршени од страна на овие компании. Продолжува и кривичната постапка против Макпетрол и Оилко.