Monday, May 6, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОбјавени имињата на спортистите кои ќе патуваат во Рио де Жанеиро

Објавени имињата на спортистите кои ќе патуваат во Рио де Жанеиро

Без поголеми промени, Македонскиот Олимписки Комитет го објави списокот на македонските претставници, кои ке бидат пет на број, за настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Ристе Пандев (Атлетика, 100 метри), Дрита Исљами (Атлетика, 400 метри со пречки), Анастасија Катерина Богдановски (Пливање, 200 метри слободно), Нина Балабан (Спортско стрелаштво, воздушна пушка 10 метри) и Катерина Николоска (Џудо, -63 кгр).

Водач на Олимписката делегација ќе биде спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски.

Свеченото отварање е предвидено за 5 август, додека последниот ден на 31. Олимписки игри е 21 август.