Friday, Jul 21, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈЛОИ Рио: Американците ја минаа границата од 1.000 златни медали на Олимпијадите

ЛОИ Рио: Американците ја минаа границата од 1.000 златни медали на Олимпијадите

sportisti Amerika LOI Rio

Очекувано, спортистите на САД се најтроферните во досегашниот тек на на олимписките игри во Рио.

Американците досега се закитија со 61 медал од кои дури 24 златни.

Последниот златен кој го освоија пливачките во штафетната трка 4х100 метри мешано, е вкупно 1.000 златен медал за Американците во историјата на Олимписките игри.

Најмногу злата за САД имаат освоени атлетичарите 324, а по нив следуваат пливачите 244, од кои дуру 24 најсјајни одличја има најдобриот олимпиец во историјата на игрите Мајкл Фелпс, кој беше дел од штафетата на Американците 4х100 метри мешано која го освои вкупно 1001-то злато за САД.

Следува листата со освоени медали на најтрофејните 10 земји во досегашниот тек на ЛОИ Рио (злато-сребро-бронза-вкупно)

1. САД 24 18 19 61,

2. Кина 13 11 17 41,

3. В. Британија 10 13 7 30,

4. Германија 8 5 3 16,

5. Јапонија 7 3 14 24,

6. Русија 6 9 8 23,

7. Австралија 6 7 9 22,

8. Италија 6 7 5 18,

9. Ј. Кореја 6 3 4 13,

10. Франција 5 8 5 18.