Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈЛОИ Рио: Откриени првите допингувани спортисти

ЛОИ Рио: Откриени првите допингувани спортисти

Силвија Данекова е првата допингувана спортистка во Рио и за неа Олимписките игри се завршени. Бугарската атлетичарка требаше да настапи во трката на 3.000 метри стиплчез, но по извршената допинг-контрола на 27 јули во А-примерокот е пронајдена забранетата супстанција еритропоетин која ја подобрува работата на срцето и белите дробови и овозможува внесување поголемо количество кислород. Се чека отворањето на Б-примерокот, но веројатно тој ќе даде ист резултат.

По Бугарката, олимписките Игри во Рио завршија и за кинеската пливачка Чен Шинџи (18). Таа, пак, покажа позитивни резултати на диуретикот хидрохлоротијазид, кој маскира присуство на недозволени супстанции во организмот. Потврда за случајот стигна и од пливачкиот сојуз на Кина, од каде што се изразува и осуда за потегот на нивната претставничка.

Чен беше тестирана по трката на 100 метри пеперутка што ја заврши на четвртото место, а требаше да учествува и во квалификациите на 50 метри слободно. Побара од Интернационалниот Олимписки комитет да го прегледа и нејзиниот „Б“ примерок.