Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбид за шверц на мигранти кај Велес, поднесено е кривична !

Обид за шверц на мигранти кај Велес, поднесено е кривична !

Според полицијата на 12 мај во 2:30 часот од страна на мешовит патролен тим полициски службеници од  ПС за ГП и ГН Богородица и полициски службеници од Хрватска во Велес кај месноста „Венуле“ запреле автомобил крајслер,  управуван од И.С.(23) од Скопје, при што биле пронајдени шест мигранти од Пакистан.

Лицата се приведени и задржани во  полициската станица-Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против И.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.