Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЊукасл го откупи играчот на Челзи!

Њукасл го откупи играчот на Челзи!

Повратникот во Премиер лигата, екипата на Њукасл Јунајтед, напорно работи на подготовка на тимот за новата сезона. По одличната игра во црно-белиот дрес, Кристијан Атсу е откупен од Челзи и сега е официјално играч на Њукасл.

Рафа Бенитез немаше ништо друго освен пофалби за репрезентативецот на Гана и сакаше да го задржи во тимот за нови предизвици во Премиер лигата. По позајмицата од Челзи, следеше купување на играчот кој на 34 натпревари колку што одигра оваа сезона постигна пет гола и имаше три асистенции.

Според договорот на двата клуба на сметката на Челзи ќе легне сума од 6,5 милиони фунти, а договор склучија за четири години со Атсу.