Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНовитет на Водно, ќе се гради ски центар

Новитет на Водно, ќе се гради ски центар

Вчера компанијата „Електрани на Македонија“ распуштила оглас во кој се бара проектантска куќа која ќе се нафати за ревидирање на проектот за изградба на Ски центар на Водно. Од ЕЛЕМ проценуваат дека би биле потребни околу 40.000 евра.

„Поради сложеноста на проектот, неблагодарно е да прецизираме кога ќе заврши ревизијата и кога би почнала теренската реализација на проектот. Но, сигурно е дека по извршената ревизија ќе се создадат услови за барање изведувач“, велат од ЕЛЕМ Турс.

Во проектот се предвидени ски-лифтови и четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри на кои ќе има можност и за ноќно скијање, ресторани, ски-рента и ски-школа.