Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовиот евроамбасадор Грир пристигна во Скопје: Очекувам да ја запознам целата земја и нејзиниот народ

Новиот евроамбасадор Грир пристигна во Скопје: Очекувам да ја запознам целата земја и нејзиниот народ

Новиот евроамбасадор Дејвид Грир кој ќе ја предводи Мисијата на Европската Унија во Република Северна Македонија денес пристигна во седиштето на ЕУ во Скопје.

„Пристигнав во Скопје. Очекувам да ја запознам целата земја и нејзиниот народ, истовремено обезбедувајќи поддршка за нејзината интеграција во ЕУ“ напиша Грир на Twitter.

Забележливо е дека во првата јавно објавена порака новиот ЕУ амбсадор дипломатски само го споменува главниот град каде ќе биде поставен во служба, но не и името на земјата.