Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНови санкции на САД кон Русија

Нови санкции на САД кон Русија

САД воведоа натамошни санкции поврзани со ситуацијата во Украина. Министерството за финансии соопшти дека, меѓу другото станува збор за дополнување на списокот на поединци и ентитети на кои им се замрзнуваат имотите кои се по јурисдикција на Соединетите држави.

„Оваа акција ја нагласува нашата решеност да го задржиме притисокот врз Русија за кршење на меѓународното право и за подгревање на конфликтот во источна Украина“, изјави директорот на американскиот оддел за контрола на странските сметки Џон Смит.

Од друга страна, руската влада одобри предлог закон кој им овозможува да запленат имот на странци без предупредување. Путин веќе ги предупреди Европјаните дека ќе го заплени нивниот имот во Русија ако некоја од државите заплени руски имот. Дали истото ќе важи и за САД останува да видиме.