Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови правила при увоз на половни возила од наредниот месец

Нови правила при увоз на половни возила од наредниот месец

Од 1 јули се забранува увоз на автомобили со ЕУРО 3 стандард, односно возила постари од 2005 година. Од тогаш ќе можат да се увезуваат автомобили со стандард Еуро 4 или повисоки а, 30 јуни ќе биде последниот термин кога ќе мора да биде платена царината и ќе мора да се извршат процедурите за увоз, додека рокот за хомологација засега е неограничен.

Тоа значи ­дека новите возила ќе бидат со повисоки стандарди, но и со повисока цена. Сепак, автомобилите од поновата генерација, кои се вклопуваат во повисоките стандарди, ќе значат и помало загадување на воздухот.

Според податоците на Царинската управа во првите четири месеци од годинава биле внесени вкупно 9.500 половни автомобили што е за 3.110 повеќе од истиот период лани.

Сето ова е предвидено во законот со цел да се намали загадувањето на воздухот.