Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНови бранови со по 3000 илјади мигранти дневно низ Македонија

Нови бранови со по 3000 илјади мигранти дневно низ Македонија

Од канцеларијата на УНХЦР за светските агенции прогнозираат дека дневно низ Македонија во наредниот период може да поминуваат бранови од мигранти со 3000 луѓе што ќе биде дополнителен предизвик за безбедносните сили кои ја контролираат границата со Грција. На овој контрапункт се прават обиди за регистрација на мигрантите и продолжување на нивниот транзит, како и пружање на потребната помош и хуман третман.

migranti gevegelija4

„Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и во Либан”, изјави Мелиса Флеминг портпаролка на УНХЦР.

migranti gevgelija2

Претходно со министрите за надворешни работи на Австрија и Бугарија се изложија аргументите за асистенција на ЕУ која не смее да ја остави Македонија сама да се справува со овој глобален проблем.