Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови 3.694 бегалци во Македонија, издадени над три илјади потврди за мигранти во последните 3 дена

Нови 3.694 бегалци во Македонија, издадени над три илјади потврди за мигранти во последните 3 дена

Одделението за азил неуморно работи – во изминативе три дена се поднесени шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од нив, три барања се од државјани на Сирија и три барања од државјани на Авганистан,како и четири деца кои го придружуваат родителот.

Во истиот период, на вкупно 3.694 странски државјани се издадени потврди на мигранти за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Статистиката вели дека најбројни се државјаните на Сирија кои поднеле 3529 барања, а потоа следуваат Ирак со 70 барања, Палестина 41, додека другите се во помал број.