Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовата компанија „Оне.Вип“ започна со работа

Новата компанија „Оне.Вип“ започна со работа

Од денеска и официјално започна да работи новата компанија Оне.Вип која ги спои двата мобилни оператори и која во моментов има 1,3 милиони корисници и пазарен удел од 53 отсто во мобилната телефонија. Според извршниот директор на новиот оператор, Никола Љушев, иако почнуваат да работат како една компанија, до крајот на 2016 – тата година компанијата ќе функционира преку две засебни мрежи, системи на наплата, ќе има две портфолија и посебни продажни места. Ова значи дека за граѓаните кои користат услуги од овие две фирми остануваат да ги добиваат истите услуги и услови како и досега.

Новата компанија во моментов има над 900 вработени, кои се преземени од ОНЕ и од ВИП. Љушев вели дека за сега не постои детален план дали и колку вработени ќе треба да бидат отпуштени заради дуплирање позиции во новата компанија.