Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНова песна и нов албум на Зара Ларсон! (ВИДЕО)

Нова песна и нов албум на Зара Ларсон! (ВИДЕО)

Интернационалното деби издание на Зара Ларсон штотуку пристигна- веста околу албумот „So Good“ шведската ѕвезда ја сподели на својот „Инстаграм“ профил. Со објавувањето на новиот албум пристигна и соработката со бендот „Клин Бандит“ на песната „Simphony“, а нејзиното ново студиско издание за сега е достапно на стриминг сервисите.

Песната во живо за прв пат ќе ја изведе оваа сабота во натпреварувањето „Voice“ во Обединетото Кралство, заедно со бендот „Клин Бандит“. На албумот „So Good“ се наоѓаат нумери со кои Ларсон се проби на светската музичка сцена- како нумерите Lush Life, Never Forget You, Ain’t My Faul, вклучувајќи ја и веќе објавената нумера „Simphony.