Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНов земјотрес во Еквадор, повеќе од 500 жртви, околу 4500 повредени лица

Нов земјотрес во Еквадор, повеќе од 500 жртви, околу 4500 повредени лица

Еквадор се соочи со нов земјотрес, само три дена по силните потреси во кои загинаа најмалку 500, а повредени се 4.500 луѓе.Повеќе од 500 луѓе загинаа во најсилниот земјотрес во Еквадор во последните неколку децении, изјавија властите доцна синоќа, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините.
Вкупно се најдени 525 тела, од кои 518 се идентификувани, соопшти канцеларијата на државниот секретар.

Меѓу загинатите има најмалку 11 странци: тројца државјани на Колумвбија, тројца на Куба, двајца од Канада и по една жртва од Доминиканска Република, Британија и Ирска.Над 4.500 луѓе се повредени, а повеќе од 100 сѐ уште се водат како исчезнати во земјотресот со сила од 7,8 кој во саботата разурна згради и патишта и го прекина снабдувањето со електрична енергија. Најлошо е погодена покраината Манаби и речиси сите жртви загинале таму.Претседателот Рафаел Кореа процени дека обновата би можела да чини милијарди долари и да трае „со месеци и години“.