Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПреполовени водостоите на реките во Македонија

Преполовени водостоите на реките во Македонија

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се под просекот за септември, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Како што пренесува МИА, Драстично намалување е регистрирано на Црн Дрим кај Ложани, од просечните 102 на 24 сантиметри.

Нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Берово, на Црна Река кај Новаци и на Сатеска кај Ботун се повеќе од преполовени, додека надолни отстапувања бележат и Вардар кај Јегуновце, Скопје – Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски брод.

Зголемен е единствено водостојот на реката Струмица кај Сушево.