Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Пустош од ширењето на јазлеста кожа, одговорност мора да има

Николовски: Пустош од ширењето на јазлеста кожа, одговорност мора да има

Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ, денеска побара оставка од Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, заедно со министерот за земјоделие Михаил Цветков.

-„Затворените сточни пазари како што е овој, сточниот пазар во Куманово, се потврда на несериозниот и неодговорен однос на институциите. Ова е тажната слика за катастрофалната состојба и тешките последици од ширењето на болеста јазлеста кожа во Македонија. Сточниот фонд секојдневно се намалува, сточарите се пред банкрот, а државата не им ја исплаќа отштетата за убиениот добиток.

Фамозните 250.000 вакцини, повеќе од три месеци доцнат во државата.Токму затворените сточни пазари се потврда на нестручноста и на неодговорноста на кадрите на ВМРО ДПМНЕ, коишто ги водат Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Грешките за коишто зборевме во целиот овој период, а за којшто нема демант од стана на институциите се токму потврда на овие катастрофални политики. Токму грешките коишто ги направија институциите ќе доведат до преполовување на добиточниот фонд и ќе ја срамнат млечната и месната индустрија во државата“ – вели Николовски.