Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНикој не одглуми според украинското сценарио, мирно и пред влада

Никој не одглуми според украинското сценарио, мирно и пред влада

Дeмонстрантите ги продолжија протестите пред влада, откако полициското обезбедување оневозможи пристап кон Собранието. И покрај тоа што се ширеше пропаганда за судири и насилство, сепак луѓето излегоа на мирни протести на веќе наречената „шарена револуција“.

Барањата на граѓанитеи понатаму се исти – итно повлекување одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага од СЈО. „Протестирам“ бараат неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение на Кривичниот суд.