Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНема визна либерализација за Турција, Косово, Грузија и Украина

Нема визна либерализација за Турција, Косово, Грузија и Украина

Министрите за надворешни работи на 28-те земји-членки на Европската унија на денешната седница не постигнаа согласност за либерализација на визниот режим за граѓаните на Турција, Косово, Грузија и Украина. Ова го изјави холандскиот министер за миграција, Клаас Дејкхоф, кој претседаваше со делот од состанокот, кој се однесуваше на визната либерализација.

Тој истакна дека има одреден напредок во однос на прашањето за Турција, сепак многу земји гледаат проблеми во исполнувањето на критериумите за укинување на визите на четирите држави.