Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНекролози се појавија и со името на Томислав Тунтев

Некролози се појавија и со името на Томислав Тунтев

Продолжува говорот на омраза против пратениците на СДСМ. Изминатата недела, се појавија некролози и „патриотски потерници“ за неколку пратеници на СДСМ, а дел од пратениците беа и вознемирувани во своите домови. Овој пат некролози со ликот на пратеникот на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, се појавија на повеќе локации во Охрид, иако дел од нив за кратко време беа отстранети.

На нив пишува дека Тунтев се бара за предавство, бидејќи прифатил официјализација на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија, прифатил редифинирање на државата како вовед во кантонизација и федерализација, како и дека прифатил заедничко гранично упраување со Албанија и Косово што претставувало мека форма на конфедерација со овие држави.

Тунтев на својот фејсбук профил напиша: „Кога за предавство Ве обвинуваат најголемите предавници на интересите на Македонија и нејзините граѓани, најголемите криминалци, најголемите непријатели на напредокот на државата и најголемите противници на правдата, демократијата и соживотот, знаете дека сте на вистинскиот пат и на вистинската страна.Тие што го смислиле и напишале ова за мене, се истите што во изминатите 10 години ги прифатија и спроведоа сите напишани работи. И многу повеќе и многу полошо од тоа“.