Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНеколку серии на сирупот „Ефералган“ повлечени од аптеките

Неколку серии на сирупот „Ефералган“ повлечени од аптеките

Неколку серии од сирупот „Ефералган“ ќе бидат повлечени од аптеките поради претпазливот. На барање на производителот Bristol-myers squibb, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот „ефералган“ орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180. Останатите серии нема да бидат повлечени.

– Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на претпазливост по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот. Нема простор за паника, бидејќи станува збор за доброволно повлекување на лекот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент, бидејќи не станува збор за квалитетот на лекот.

До овој момент од пазарот се повлечени 1.231 сирупче. Агенцијата за лекови и медицински средства примероци испрати до Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот, стои во соопштението од Агенцијата за лекови и медицински средства.