Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимМаслото од канабис достапно од денеска во аптеките без рецепт

Маслото од канабис достапно од денеска во аптеките без рецепт

Од денеска, маслото од канабис е веќе достапно во аптеките низ државата без лекарски рецепт, информираше преку социјалните мрежи Министерството за здравство.

Со тоа велат дека им излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки ги вградиле во законско решение во март годинава.

-Според меѓународните искуства, станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора, и генерално може да помогне во подобрување на имунолошкиот систем кај човекот. Токму затоа, ова масло се наоѓа во слободна продажба и е достапно за секој човек без лекарски рецепт, пишуваат од министерството за здравство.

Исто така додаваат дека докажано е отсуство на пестициди и хербициди во производот, добиен со екстракција на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што значи дека се работи за маслен екстракт од највисок квалитет.
Сепак, особено е важно да се знае и да се има предвид дека ова масло не може да биде замена за стандардна терапија доколку за одредена медицинска состојба истата е препорачана од страна на доктор, се додава во фејсбук статусот.