Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРеплек ќе произведува масло од канабис, во аптеките од 1-ви јуни

Реплек ќе произведува масло од канабис, во аптеките од 1-ви јуни

Реплек ќе произведува масло од канабис. Фармациската компанија ги исполнила сите законски норми да произведува ваков вид масло, соопшти Националната агенција за лекови, МАЛМЕД. Првите шишенца во аптеките ќе се најдат најдоцна до први јуни, а компанијата за ова вложила повеќе од 400.000 евра.

За почеток ќе се изработува само хранливо масло од канабис, а медицинскиот канабис засега е во втор план. Масло има 0,2 проценти ТХЦ, колку што предвидува и законската регулатива и ќе содржи повеќе канабоиди кои се сметаат за хранливи материи. Ова масло ќе може да се купи без рецепт.

„Овие два вида хранливо масло ќе се разликуваат по концентрацијата на канабоидите кои се сметаат за хранливи материи. Едното масло ќе има 5 проценти, а другото 7 проценти од канабоидите. Според ова, едно шишенце од 10 милилитри ќе чини околу 40 евра, односно околу 53-54 евра. Ова масло може да го користат сите луѓе бидејќи дејствува врз зајакнувањето на имунитетот, регенирање на клетки, зајакнување на силата на организмот. Во други земји ова масло се продава како додаток на исхраната, а кај нас се водат како гранични производи“ – вели директорот на „Реплек-фарм“, Владимир Туџаров.