Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНавивачите на Арсенал очајни, Венгер им подготвува нов шок!

Навивачите на Арсенал очајни, Венгер им подготвува нов шок!

Џони Еванс во Арсенал. Звучи како добра шега, но всушност не е, денес островските медиуми ја преплавија веста дека Арсен Венгер размислува за трансфер на капитенот на Северна Ирска како замена за повредениот Пер Мертезакер. Еванс после низа на години во кои беше не повеќе од резерва во Јунајтед направи трансфер во ВБА каде играше стандардно во првиот тим. Со репрезентацијата на Ирска исто така успеа да се квалификува на Европското првенство.

Но и покрај тоа никој не верува дека тој е доволно добар за Арсенал. Мертезакер веќе со години е „столб“ на одбраната на Арсенал, искусниот Германец го повреди коленото и ќе отсуствува повеќе од очекуваното. Она што дополнително ги лути навивачите на Арсенал е сумата која се шпекулира дека Венгер е подготвен да ја плати за Еванс, а таа изнесува повеќе од 20 милиони евра.

Коментарите за овој трансфер се духовити, очајнички, иронични, сите се согласуваат дека ова е неверојатно, но не ја исклучуваат можноста бидејќи се работи за Венгер на кого не ретко му паѓаат вакви работи на памет.