Saturday, Apr 27, 2024
HomeСТУДЕНТУМНаучете некој од овие јазици – ќе ви донесат подобра плата

Научете некој од овие јазици – ќе ви донесат подобра плата

Ако помисливте дека филолошкиот факултет или курсевите по јазици не ви се исплатат, се излажавте, особено ако се работи за еден од овие јазици. Сервисот „OneHourTranslation.com“ направи список на јазици кои најбрзо растат и кои најмногу се исплати да се учат. Овие шест јазици, покрај англискиот, ќе биде добро да ги научите на време.

1. Шпански
Благодарение на новите економиски и бизнис прилики, се јавила и потреба за познавање на шпанскиот јазик. Пазарите Мексико, Аргентина, Чиле, Перу, Колумбија, Венецуела и Шпанија бараат познавање на овој индоевропски романски јазик кој има исти корени какои и англискиот, па лесно е да се научи.

2. Португалски
Португалскиот веќе станал четврти најпреведуван јазик на популарниот сервис OneHourTranslation.com, што е значаен показател дека се работи за јазик чија популарност станува се поголема. Бизнис и економскиот напредок на Бразил им отавара на многу компании бројни можности за соработка, па угледните компании сигурно ќе имаат корист од познавањето на португалскиот јазик.

3. Кинески
Учењето на кинескиот јазик во последните години е во пораст. Големиот кинески пазар на многумина им претставува голем предизвик, дали тоа би се работело за увоз или извоз поради што секако е еден од јазиците во чие учење се исплати да вложите време и пари.
jazici2
4. Руски
Бројните бизнис прилики и големиот пазар се добра причина за учење на рускиот јазик кој е малку сличен со нашиот, па не би требало да биде толку тежок за учење.

5. Арапски
Стотина милиони луѓе ширум светот го зборат арапскиот јазик. Со оглед на развојот на многу сегменти во стопанството и економијата, се отавара пазар на голем број компании во кои можат да се пронајдат разни прилики.

6. Германски
Со оглед на тоа дека Германците успешно управуваат со една од најстабилните економии на светот, германскиот јазик со причина станува се популарен и баран.