Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНАТО распоредува 4 единици во Источна Европа… За оние кои се плашат од Русија

НАТО распоредува 4 единици во Источна Европа… За оние кои се плашат од Русија

НАТО во трите балтички земји и во Полска ќе распореди четири „зајакнати“ баталјони, под изговор дека со тоа одговара на наводното дејствување на Русија во Украина соопшти вчера генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Планираме да разместиме четири мултинационални зајакнати баталјони во балтичките земји и во Полска. Тоа ќе испрати јасен сигнал дека НАТО, во случај на надворешна агресија, е подготвен да ги брани своите сојузници“, изјави генералниот секретар за севернатлатнскиот воен пакт Јенс Столтенберг.

Одлуката за тоа ќе биде донесена на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел, кој ќе се одржи во вторник и среда. Деталите за големината, составот и обемот на силите кои ќе бидат распоредени на ткн источно крило на НАТО допрва треба да се разработат.

Според НАТО ова разместување е уште една во низата мерки на пактот преземени од почетокот на избувнувањето на украинската криза во пролетта 2014 година, за да ја зголеми можноста за реакција на сојузничките војски и да им се даде поддршка на членките на Алијансата кои се на границата со Русија кои наводно стравуваат од нејзината „агресивност“.

„Нема никакво сомневање дека сето она што го сторивме претставува одговор на акциите на Русија на Крим и во Украина“, истакна Столтенберг.

Шефовите на државите и владите на земјите членки на НАТО на 8-ми и 9-ти јули во полската престолнина Варшава ќе се сретнат на средба на врвот каде ќе го потврдат распоредувањето на трупите и ќе ги обелоденат деталите.