Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНасилната дадилка тврди дека не е виновна

Насилната дадилка тврди дека не е виновна

Насилната дадилка која на социјалните мрежи речиси сите можеа да ја видат на снимка како малтретира мало бебе седна на обвинителна клупа. Иако судскиот процес се води зад затворени врати, нејзината одбрана која е позната е дека не е виновна за физичко малтретирање на бебето кое требало да го чува, а била снимена со скриена камера.

Нејзиниот адвокат побара судењето да биде далеку од очите на јавноста бидејќи реакциите досега беа крајно гневни и се плаши за нејзината приватност, но и безбедност. Исто така е наведено дека снимката од домот на семејството не може да се користи како доказ во судската постапка бидејќи е нелегално прибавена и ќе мора да се анализира медицинскиот извештај за повредите на бебенцето.