Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНаправена голема материјална штета на стадионот „Филип Втори“ во Скопје

Направена голема материјална штета на стадионот „Филип Втори“ во Скопје

Искршени се околу 200 столчиња на Северната трибина, изгорен тартан и демолирани делови од подтрибинскиот простор, како и од просториите за навивачи на нашиот најголем стадион е сликата која остана зад „Балистите“ по финалниот дуел од најголемото домашно клупско натпреварување.

Од раководството на стадионот соопштија дека утре ќе се знае колкава штета е направена во однос на финансиите на нашиот стадион, кој моментално е во фаза на реконструкција.