Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖелезничка несреќа кај Лозово – воз удри во автомобил

Железничка несреќа кај Лозово – воз удри во автомобил

Вчеравечер, во 20:45 часот, воз удри во патнички автомобил „мазда“ на патниот премин (магистрален пат А3 Велес-Штип) преку железничката пруга Скопје-Кочани, во с.Лозово. За среќа, нема повредени лица, но е причинета материјална штета.

Несреќата се случила кога возот управуван од В.Ц.(1962), налетал на автомобилот кој бил управуван од Б.Н. (1985) од Кочани.

Додека траел увидот, железничкиот и патниот сообраќај биле во прекин.