Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо голем пожар изгоре фабрика за брикети во Кавадарци

Во голем пожар изгоре фабрика за брикети во Кавадарци

Во голем пожар вчеравечер изгоре фабрика за производство на брикети за огрев во Кавадараци. Повредени нема.

Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за пожарот.

Од пламените јазици целосно настрадале машините, халата и произведените брикети. Дополнително ќе се утврдува причинетата материјална штета, а според сопственикот, само машините чинеле стотина илјади евра. Опожарената фабрика не била осигурана.

Во гасењето на пожарот покрај кавадаречката територијална противпожарна единица, која интервенирала со пет пожарникари и две возила, на помош дошле и пожарникарите од „Кожувчанка“ и „Фени индустри“, како и од ТПЕ Неготино.